А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Наскоро во Кичево повторно ќе се издаваат лекарски уверенија

by А1он31/08/2018 - 13:04152
Share0

Директорката на кичевската општа болница Билјана Настеска денеска информираше дека по подолг период во кичевската Општа болница ќе можат да се добијат лекарски уверенија.

Добивај вести на вибер

Пред речиси шест месеци, Републичкиот санитарен инспекторат донесе одлука да биде забрането издавањето на лекарски уверенија поради неисполнување на хигиено-техничките услови во кичевската Општа болница.

– На мое инсистирање, конечно по подолг период и во кичевската болница ќе може да се добие лекарско уверение. По сите контроли извршени од страна на надлежните инспекциски служби и ресорното министерство, дадено е зелено светло и по добивањето на неопходното решение, нашите сограѓани повеќе ќе нема потреба за овој документ да патуваат во соседните градови, истакна Настеска.

Таа наведе дека во болницата, исто така, се спроведува и кадровско екипирање.

– Од специјализација се враќа офталмологот, а останатите потребни специјалисти доаѓаат од Прилеп и од другите градови, но од септември ќе ги добиеме и тие специјалисти, така што, целосно екипирани, во блиска иднина, ќе можеме да одговориме на овие обврски, објасни Настеска.

Таа најави дека кадровското екипирање ќе биде подмирено со нови вработувања на лекари кои ќе бидат испратени на соодветна специјализација.

kicevo

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Катерина Ѓуровски18/12/2025 - 12:12

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:00

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски24/11/2025 - 12:1324/11/2025 - 12:35

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:32

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он28/10/2025 - 19:35

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух

Горан Наумовски27/10/2025 - 15:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен