Наскоро нов објект на кумановската градинка, советниците донесоа одлука за отпочнување на работа

Од:

Советниците од општина Куманово на денешната седница донесоа одлука за отпочнување со работа на објектот „Детелинка“ од кумановската детска градинка „Ангел Шајче“. Новата градинка ќе биде сместена во поранешниот „Пионерски дом“, во дел од просториите кои за оваа намена се реконструирани.

Раководителот на секторот за социјална заштита од општина Куманово, Виктор Божиновски рече дека градинката ќе биде пуштена во употреба наредните денови и ќе започне да функционира. Министерството за труд и социјална политика дало мислење дека Советот може да донесе одлука за отпочнувањесо работа на овој нов објект, бидејќи објектот ги исполнува условите за работа согласно Законот за заштита на децата.

– Ова одлука е нужна, бидејќи во понеделник треба да се достави до МТСП, да даде согласност и да може да отпочне со работа објектот наредните десет денам, рече Божиновски.

Објектот се реконструираше претходниве месеци. Реконструиран е долниот кат од поранешниот „Пионерски дом“. Новата градинка се наоѓа во непосредна близина на објектот „Кокиче“, кумановската гимназија и двете централни училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“.

На денешната седницa на Советот, советниците и одобрија на кумановската гимназија „Гоце Делчев“ да аплицира за проектот „Еколошки мониторинг на трансграничните реки помеѓу Бугарија и Македонија“. Раководителот на секторот за меѓународна соработка од општина Куманово, Горан Митевски рече дека проектот е резултат на активностите кои се спроведуваат во рамки на соработката меѓу Куманово и Ќустендил.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци