Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Од:

Во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори – 2 ноември во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

-Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310 и Куманово: 031 431-488,Струмица 034 329 -996 и Штип 032 389-700, стои во соопштението од Омбудсманот.

Оттаму дополнуваат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.

-И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање, се нагласува во соопштението од Народниот правобранител.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски