Народниот правобранител: Поддршката на жртвите од тортура, основа на демократијата

Од:

Обврската за борба против тортурата и нехуманиот третман не смеат да бидат само декларативни, туку крајно време е властите да преземат конкретни мерки и активности за сузбивање на ваквите состојби, а на жртвите кои биле предмет на мачење или друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување да им обезбедат соодветна правна, медицинска, психолошка и социјална поддршка, порачува Народниот правобранител во соопштение по повод 26 Јуни, Меѓународниот ден за поддршка на жртвите од тортура.

Нагласува дека поддршката на жртвите од тортура претставува една од основните обврски на секое општество кое ги почитува демократските принципи и меѓународни стандарди за човековите права.

– Народниот правобранител како Национален превентивен механанизам врши континуиран мониторниг во местата на лишување и ограничување на слободата на движење и постојано алармира за нехуманите услови и понижувачкиот третман на којшто се изложени лицата во овие места, се вели во соопштението.

На 12 декември 1997 година, со резолуцијата 52/149, Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 26 Јуни како Меѓународниот ден за поддршка на жртвите на тортура, со цел целосно искоренување на тортурата и ефективно функционирање на Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.

Би можело да ве интересира

Омбудсманот бара МОН да мисли на децата со попреченост при изработка на протоколите за настава

Жарко Настоски

Пендаровски до Мемети: Потребно натамошно зголемување на независноста во функционирањето на омбудсманот

А1он

Омбудсман: Градинките не ги нудат потребните услови за прием и оптимален развој на секое дете

Наум Локоски