Народниот правобранител, Иџет Мемети го оспорува законот за амнестија и смета дека се носи со цел да има селективно амнестирање во Република Македонија.
Мемети за овој закон кој се уште е во подготовка има забелешки за одредени ставки кои не се опфатени во него, конкретно во делот на спроведувањето. Според него, предлог законот обликуван во форма каква што е во моментов е неправичен и нецелосен.
-Важен е начинот како ќе се спроведе законот за амнестија. Засега тој не е правичен и не опфаќа се што треба да биде опфатено. Одредбата за спроведување ги става затворениците во нееднаква положба, a ќе биде направено и селективно извршување, рече Мемети.
Тој бара итна промена на нацрт-законот и вели дека со моменталниот предлог за законот за амнестија, Министерството за правда има несериозен пристап кон јавноста и затворениците.
-Само низ јасни предлози може сите пратеници да се третираат еднакво, вели Мемети.
Виктор Јованов