Народен правобранител: Во случајот со малолетничката од „25 Мај“ затаиле институциите

Од:

Народниот правобранител смета дека случајот со сексуалната злоупотреба на малолетничката од ЈУ „25 Мај“ е резултат на, како што посочуваат оттаму, индолентниот однос на институциите. Вистина е велат оттаму, дека институцијата е од отворен тип, но вработените и старателот требало да се заинтересираат зошто таа толку често ја напуштала установата и каде го поминувала времето.

Народниот правобранител заради утврдување на состојбата ги посетил Јавните установи за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение („25 Мај„ и „Ранка Милановиќ“), извршил увид во документацијата и разговарал со одговорните лица, како и со малолетничката. Притоа констатирал дека станува збор за дете во ризик, на чии родители им е одземено родителското право, и е под старателство на ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје.

– Во горенаведената институција детето е сместено од декември 2016 година и повеќе пати, според негово кажување, самоволно ја напуштала институцијата. За Народниот правобранител неспорно е дека наведените установи се од отворен тип што значи дека штитениците во секое време можат да ја напуштат установата. Но, со оглед на тоа што станува збор за деца во ризик со назначен старател од државен орган смета дека надлежните затаиле во овој случај. Наведеното од причина што не покажале интерес да ги утврдат причините за честото напуштање на домот од страна на малолетничката, како и за тоа каде и со кого го поминувала времето по напуштање на Установата, се вели во соопштението од Народниот правобранител.

Оттаму посочуваат дека кога државата ја презема одговорноста за грижа и заштита на дете сместувајќи го во установа од ваков тип потребно е во континуитет да се преземаат мерки за заштита на правата на детето и превенција од секаков вид на злоупотреба, занемарување или малтретирање, вклучувајќи и сексуална експолатација, а на што впрочем упатува и член 19 од Конвенцијата за правата на детето.

Народниот правобранител ги повикува МВР и Основното јавно обвинителство без одложување да ги преземат сите со закон утврдени дејствија за откривање и санкционирање на злоупотребата на детето И.Р . Воедно, апелира до Министерството за труд и социјална политика како ресорен орган за заштита на правата на децата и за функционирање на институцијата за згрижување, воспитание и образование на деца, најитно да преземе дејствија за целосно испитување на одговорноста на назначениот старател.

Од оваа институција потсетуваат на потребата од унапредување на грижата за децата сместени во јавните установи за згрижување деца, нивно кадровско екипирање, целосно функционирање на службите за воспитание, образование, здравствена и социјална заштита, а за што Народниот правобранител и досега повеќе пати во своите годишни и посебни извештаи изнесувал конкретни препораки.

Би можело да ве интересира

20 претставки за загадениот воздух стигнале кај Народниот правобранител

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Повреда на избирачко право, утре ќе може да се пријавува на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право

Народен правобранител: Пријавете повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321

Владата бара решение за оние кои платиле за нови возачки и сообраќајни

А1он