Народен правобранител: Да се елиминира насилството и да се развива свеста за толеранција кај децата

Од:

Сите треба да работиме на развивање на свеста за толеранција кај децата и за елиминирање на секаков вид насилство, истакна народниот правобранител по повод 20 Ноевмри – Светскиот ден на детето.

– Од круцијално значење за идните генерации е да се создаде амбиент на соживот, почитување на рaзличностите со цел создавање на општество во кое секое дете ќе знае дека дијалогот, а не насилството, е основа за решавање на кој било проблем. Свесни сме дека за да има хармоничен развој на личноста на секое дете, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање. Токму тоа не задолжува децата да ги третираме како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски, се вели во соопштението.

Според Народниот правобранител, овој ден треба да биде поттик за сите кои работат со децата или во нивни интерес посериозно и попосветено да продолжат со активностите за подобрување на состојбата со правата на децата така што ќе ги вклучуваат во сите активности и ќе го слушаат и почитуваат нивното мислење.

Народниот правобранител апелира и до родителите, да водат сметка посебно во процесот на воспитување на децата дека почитувањето на традицијата не секогаш значи почитување на најдобриот интерес на детето.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Народниот правобранител не е надлежен за министрите, потребно е непартиско толкување на законите

Селами: Враќањето на довербата во Народниот правобранител е клучен приоритет

Горан Наумовски

Фатон Сељами од Тетово е нов Народен правобранител

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Гаши апелира за политички договор околу изборот на Народен правобранител

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември