А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Наредната недела завршни зборови за „крвавиот четврток“

by А1он04/12/2018 - 17:0004/12/2018 - 17:36215
Share0

Откако обвинетите Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо и Митре Митроповски ги повлекоа листите на докази и се изјаснија дека нема да дадат исказ пред судот во своја одбрана, останува уште одбраната на обвинетиот Александар Василевски Нинџа со што и се завршува доказната постапка во која обвинетите ја дадоа својата одбрана пред судечкиот совет.

Добивај вести на вибер

По оваа фаза следуваат завршните зборови на обвинетите на рочиште кое ќе се одржи најверојатно наредната недела.

Сведочењето за Александар Василевски Нинџа е закажано за в четврток, кога ќе сведочи и неговиот брат, Благоја Василевски, кој беше дел од обезбедувањето на Никола Груевски додека беше премиер.

Адвокатот Сашко Дуковски пред судот изјави дека имаат уште неколку дополнителни докази, по кои судот треба да се произнесе дали ќе ги прифати или не, и доколку бидат прифатени тие ќе бидат презентирани пред судницата.

Покрај овие обвинети доказните материјали ги повлекоа и обвинетите Јохан Тарчуловски, Горанчо Ангелов, Владо Јовановски, Игор Дурловски и уште неколку.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Виктор Јованов

27 april

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он24/01/2025 - 17:02

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Горан Наумовски29/12/2024 - 13:07

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Горан Наумовски25/12/2024 - 11:42

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски24/12/2024 - 13:2024/12/2024 - 15:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен