Наредена обдукција на телото на починатата жена во Прилеп

Од:

Прилепското Јавно обвинителство нареди да биде извршена обдукција на распаднатиот женски труп што вчера попладнето е пронајден во куќа на улицата „Браќа Ламески 1“ во Прилеп.

Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, станува збор за 49-годишната прилепчанка Милка Наумоска.

– Соседите почувствувале непријатна миризба и повикале полиција. Полицијата го нашла распаднатиот труп и според првичните сознанија, жената била мртва околу една година. Живеела со братот, но се смета дека тој бил со нарушено психичко здравје, изјави Илиеска.

Увид на местото извршиле надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп заедно со екипа од Министерството за внатрешни работи. Телото на починатата е предадено на обдукција. Обвинителството ги презема сите неопходни дејства за расветлување на причините за смртта и зошто настанот не е навремено пријавен.

– Јавен обвинител го сослушал братот на починатата. Истрагата продолжува во насока на утврдување на фактите, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба