Напредокот во евроинтеграциите и користењето на фондовите од ЕУ на 54. владина седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна, 54 седница со повеќе точки на дневен ред.

На седницата на Владата денеска ќе биде одржана презентација на тема „Клучнитеаспекти на јавната внатрешна финансиска контрола и раководна отчетност и одговорност“, на иницијативата СИГМА на ЕУ која има за цел да дава препораки за приоритети за реформа на јавната администрација во земјите кандидати за членство во Европската Унија.

На оваа своја 54 седница, Владата на РМ ќе ја разгледа предлог-одлуката за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината и предлог-одлуката за давање на согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштво за производство на лекови на компанијата САГЕН ДООЕЛ Скопје, како закупопримач.

Министрите во Владата, на денешната седница ќе го разгледаат и предлог договорот за доделување на државна помош на Друштвото за производство, трговија и услуги ВИК Македонија ДООЕЛ с.Алинци,Прилеп, како и предлог одлуката за давање согласност на договорот за доделување на државна помош на друштвото за производство,трговија и услуги ВИК Македонија ДООЕЛ с.Алинци во технолошко индустриската развојна зона Прилеп.

На предлог на Министерството за надворешни работи на денешната седница на Владата ќе биде разгледана и информацијата за програмата и приоритетите на Бугарското претседателство со Советот на Европската Унија, со календар за одржувањето на неформалните министерски состаноци на Европската Унија.

На дневен ред на денешната седница е и информацијата за потребата од изменување и дополнување на Програмата за оддржлив локален развој и децентрализација 2015-2020 и за подготовка на нов Акциски план 2018-2020, што ги подготвува Министерството за локална самоуправа.

Владата денеска ќе ја разгледа и предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во вежбовната активност „DYNAMIC FRONT III 18-1“, во Сојузна Република Германија.

Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми Македонски шуми пред министрите денеска ќе ја презентира информацијата за вкупно потрошени финансиски средства за спроведување на Акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина”, од почетокот на акцијата до сега, со резултатите и ефектот од реализацијата на акцијата.

На денешната седница повеќе точки од дневниот ред се посветени на информации за прогресот на активности во реализацијата напроектите за изградба, рехабилитација и реконструкција на повеќе делници на автопатски, експресни, регионални и локални патишта во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски