Наплатните пунктови на ЕВН Македонија нема да работат на 2, 3 и 4 мај

Од:

Наплатните пунктови на ЕВН Македонија ќе бидат затворени на 2,3 и 4 мај, заради надградба на постоечкиот билинг софтвер со цел подобрување на квалитетот на услгите кон корисниците, информираат од компанијата.

Приемните канцеларии, додаваат оттаму, ќе бидат отворени во работните денови и ќе можат да ги прифаќаат сите барања од корисниците, кои ќе бидат обработени по имплементација на надградбата.

– Плаќањето на сметките за потрошена електрична енергија како и досега ќе може да се изврши во експозитурите на Македонска Пошта и во сите комерцијални банки во земјава. На располагање остануваат телефонскиот број за информации 0890 12345 во Центарот за односи со корисници, електронската адреса за информации и интернет страницата. Барањата и прашањата ќе бидат грижливо евидентирани и одговорени во најбрз можен рок по воспоставување на новите софтверски решенија, соопшти ЕВН Македонија.

Би можело да ве интересира

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Глоба до 3.000 евра за ЕВН ако не овозможи визуелен пристап до броилото

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 20.06.2025 изнесува 88,28 евра за мегават час, на МЕМО 96,96 евра за мегават час

Предраг Петровиќ

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 13.06.2025 изнесува 76,42 евра за мегават час, на МЕМО 76,27 евра за мегават час

ИНРМ за фактурите за струја: ЕВН нема капацитет и флексибилност да испорача соодветен квалитет на услуги кон граѓаните

Половина Македонија без струја

Катерина Ѓуровски