ВИДЕО: Напаѓачот на Шекеринска бара условна казна наместо затвор

Од:

Панче Ангелов, напаѓачот на актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска за време на настаните во Собранието на 27-ми април минатата година, денеска на јавна седница во Апелација преку неговиот адвокат побара наместо 4 години затвор да добие условна казна.

Адвокатот на обвинетиот, Драган Пешевски, пред судот изјави дека не се ценети олеснителните околности при одредување на висината на казната, односно дека лицето претходно не е осудувано и дека нема живи роднини кои би го посетувале во затворот. Адвокатот додаде дека казната за Ангелов, кој е постар човек, би била измачување бидејќи, како што рече, знаеме какви се состојбите во македонските затвори.

„Судот е должен да внимава на правната квалификација на делото, мојот клиент не сторил тешка телесна повреда, туку телесна повреда“, истакна Пешевски.

Ангелов пред судот рече дека казната ја смета за престрога.

„Ја фатив само за коса и ја тргнав, не ја повредив“, рече тој пред судиите.

„Ни спрема Заев, ни спрема Шекеринска не употребив сила, судот неправедно ме осуди со голема казна“, додаде Ангелов.

Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски, рече дека бара да се одбие предлогот на обвинетиот.

Панче Ангелов беше обвинет за кривично дело насилство и беше осуден на казна затвор од 4 години. Судијката при изрекувањето на неговата пресуда наведе дека во одредувањето на висината на казната преовладуваат отежителните околности.

В.Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески