Нападнато 17-годишно момче во центарот на Скопје

Од:

Седумнаесетгодишно момче од скопското село Црн Врв синоќа, околу 21 часот, во паркот „Жена борец“ било физички нападнато од неколку лица. Непознатите му побарале пари, а откако не ги добиле со нож му нанеле расекотини и побегнале.

Како што соопшти МВР, случајот во полиција изутрината во 1:30 часот го пријавил таткото на детето, Џ.Б.(57).

Момчето се упатило во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје за укажување лекарска помош.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош