Нападнати полициски службеници во Прилеп, осомничени две лица

Од:

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„Осомничените прилепчани, на возраст од 31 и 28 години, на 3 април во раните утрински часови, пред ноќен клуб на улицата „Рампо Левката“ во Прилеп, физички нападнале четири полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат чување на јавниот ред и мир.

Откако обезбедувањето на ноќниот клуб ги отстранило осомничените и уште две лица, бидејќи направиле инцидент расправајќи се меѓу себе, тие продолжиле со расправијата непосредно пред објектот. Потоа започнале и физички да се пресметуваат, па полициските службеници дошле пред објектот за да интервенираат“, известува Обвинителството.

„Кога пристигнала полициската екипа и се легитимирала, двете други лица чиј идентитет не е утврден се дале во бегство, додека осомничените, кои биле во алкохолизирана состојба, почнале да даваат активен отпор и физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со раце и нозе.

Од задобиените удари еден полициски службеник паднал на земја, а обвинетите продолжиле со нозе да го удираат по телото и главата, со што му нанеле тешки телесни повреди.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходната постапка од Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи притвор во траење до 30 дена“, соопшти Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај