Нападнати и ограбени малолетници низ Скопје, три инциденти синоќа во главниот град

Од:

Родителите на тројца малолетници синоќа во периодот од 21 часот до полноќ пријавиле дека нивните деца биле нападнати во Градскиот парк и во центарот на Скопје.

– На 10.02.2024 во 22.15 часот во СВР Скопје, М.Ш.(46) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, неколку малолетни лица со закана со остар предмет од неговиот син одзеле пари, информираше МВР за пријавата во првиот случај.

Нешто подоцна, во паркот, бил нападнат уште еден малолетник.

– На 10.02.2024 во 23.40 часот во СВР Скопје, Б.П.(50) од Скопје, пријавил дека во Градскиот парк во Скопје, бил физички нападнат неговиот малолетен син од страна на неколку малолетни лица, при што му биле одземени пари, се вели во пријавата.

Третиот инцидент се случил во центарот на градот.

– На 10.02.2024 во 21.00 часот, во СВР Скопје, А.Р.(50) од Скопје, пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетни лица и му биле одземени пари.

МВР информираше дека ги расчистува сите случаи.

Би можело да ве интересира

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста