Нападната новинарка на РСЕ, уништена и камерата

Од:

Новинарка на Радио Слободна Европа е нападната во Собранието, а уништена е и редакциската камера, со која новинарката си ја извршувал службената должност.

Вработен во државна институција и приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ (добро познат на редакцијата) првин ја одзел камерата од новинарот на РСЕ, а потоа ја скршил. Кога новинарката прашала – зошто? Тој одговорил дека немало никаква камера, јавуваат од РСЕ.

За напад на новинарска екипа јави и телевизија Телма. Нивните новинари биле нападните пред Собранието, а морала да интервенира и полицијата за нивно извлекување.

Додека траело тоа, некој од демонстрантите го удрил новинарот од зад грб. И други новинари кои ги следеа настаните во Собранието, биле нападнати, а новинарската опрема уништувана.

Би можело да ве интересира

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски