Нападнат судија на кошаркарски натпревар

Од:

За време на кошаркарскиот натпревар меѓу младинските екипи на „Фени индустри“ и „Шкупи“ вчера бил нападнат вториот судија Л.Н. поради што интервенирала полицијата.

Натпреварот, како што денеска информира МВР, бил прекинат по завршување на регуларниот тек, односно во првото продолжение. Имено, по донесување на техничка грешка и отстранување на играч од екипата на „Шкупи“, сите играчи и помошник тренерот влегле на теренот со цел да го нападнат судијата. По барање на делегатот интервенирано е од страна на полициски службеници кои безбедно ги испратиле судиите во соблекувалните. За цело време од страна на играчите биле фрлани пластични шишиња кон публиката и биле упатувани закани и навреди. Сите членови од „Шкупи“ биле упатени кон соблекувалната и со придружба биле испратени за Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и идентификување на сите учесници по што против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он