Нападнат полициски службеник од пациенти во поликлиниката „Ѓорче Петров“

Од:

Во поликлиниката „Ѓорче Петров“ во истоимената скопска општина синоќа пациенти нападнале полициски службеник.

Полицијата соопшти дека синоќа во 23:05 часот во полициската станица во Ѓорче Петров е добиено известување од дежрната екипа на поликлиниката дека пациенти го нарушиле јавниот ред и мир по што нивни службеник излегол на местото на настанот. Кога полицискиот службеник се обидел да ги легитимира, тие го турнале, му го зеле тефтерот и рачната радио станица и ги фрлиле по што заминале со патничко возило „мерцедес“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он