Нападнат е новинар во Тетово

Од:

МВР извести дека вчера во 22 часот во СВР Тетово, 25-годишниот Н.А. од гостиварско Калиште пријавил дека околу 20.30 часот во спортска сала во Тетово, додека извршувал работни задачи како новинар со уште едно лице, бил физички нападнат од М.А. од тетовско Ларце.

Според пријавата, други две лица, кои биле присутни во салата, му се заканувале.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Би можело да ве интересира

Продолжен домашниот притвор за насилникот кој нападна новинарска екипа на ТВ24