Нападнат адвокат во Тетово

Од:

Адвокатот Бујар Сабриу денеска околу 12 часот бил нападнат со нож при што се здобил со исеченица на прстот, а потоа бил удрен со столче во неговата канцеларија во градскиот трговски центар во Тетово.

Ова денеска го истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, кој рече дека осомничен за нападот е В.А.(72) од Тетово.

– Осомничениот напаѓач влегол во канцеларијата каде моментално работел адвокатот и меѓу нив најпрво започнала вербална расправија. Во една момент напаѓачот извадил нож и го прободел адвокатот во прстот од левата рака. Потоа го удрил со столче. Некако адвокатот успеал да се извлече од канцеларијата и се упатил кон Тетовскиот основен суд каде се сокрил. Додека бегал кон Тетовскиот суд напаѓачот трчал по него со ножот. За кратко напаѓачот е приведен, изјави Јосифоски.

На Сабриу му била укажана лекарска помош во Тетовската клиничка болница по што тој бил пуштен на домашно лекување. Увид извршиле екипи на полицијата и Јавното обвинителство и се работи на целосно расветлување на случајот. Според неофицијални податоци, до инцидентот дошло поради нерасчистени односи меѓу двајцата околу сопственоста на адвокатската канцеларија каде се случил нападот.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски