Наместо за буџетот, пратениците ќе гласаат за јавен обвинител

Од:

Седницата на Собранието на која на дневен ред беше дополнетиот Предлог буџет за 2018 година денеска е преместена за 22 декември.

Од Собранието информираат дека седницата за буџетот била одложена од објективни причини.

„Ве известуваме дека поради објективни причини и неодложни активности на дел од претставниците-членови на Владата на Република Македонија дваесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението од Собранието.

Наместо неа, закажано е продолжение на 22. седница на која треба да биде именуван јавниот обвинител, како и да бидат разгледани реформските закони за правосудството.

Владата на 7 ноември му предложи на Собранието за јавен обвинител на Република Македонија да биде именуван Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители.

За именување на јавен обвинител 61 пратеник треба да бидат присутни во собрансиската сала, а 41 од нив да гласаат „за“. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.

Би можело да ве интересира

Мицкиски: Следната недела ќе биде познат предлогот за нов Државен јавен обвинител

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски