ВИДЕО: Наместо втора, точката за ДИК симната подолу на дневниот ред во Собрание

Од:

Наместо втора, точката за објавување оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК е симната подолу на дневниот ред на денешната собраниска седница и е ставена како 17-та. Како втора точка во новиот дневен ред кои го усвоија пратениците е ставена предлог-одлуката за именување членови на Комисијата на Агенцијата за пошти. На ова реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски според кој собраниското мнозинство покажало дека работи по налог на извршната власт.

-Претходните изјави од страна на Тунтев од СДСМ и Адеми од ДУИ, дека ќе ја поддржат точката за ДИК и дека е законска, е само нивен став, но тие очигледно не носат одлука без да добијат одобрение од владата. Моментално состојбата со ДИК е незаконска и одговоноста е на собраниското мнозинтво, на кој поважна му е владата. Самите ќе бидете сведоци дека оваа точка е ставена на дното на дневен ред поради две коалициски политички партии. Кому му одговара ДИК да не биде екипирана, ќе дознаеме од редоследот на настаните кои ќе следуваат, изјави Милошоски.

Тој не учествуваше на седницата, како и другите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои со месеци ја бојкотираат работата на собранието. Милошоски го повтори ставот дека опозицијата нема да се врати во собраниските клупи додека не се создадат услови за работа и потврди дека се состануваат работни групи меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но не одговори за кои точно закони се подготвува политички договор.

Би можело да ве интересира

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот