Намалување на криминалитетот во Куманово

Од:

Намалување на криминалитетот за 15,6 проценти во 2016 во однос на 2015-тата година, бележи Полициската станица од општа надлежност Куманово, додека бројот на сообраќајни несреќи се зголемил за 0,7 проценти, соопшти на денешната седница на советот на општина Куманово, командирот на полициската станица Игор Митевски.

Презентирајќи го годишниот извештај за преземени мерки и активности на полициската станица, Митевски информираше дека во изминатата 2016-та регистрирани биле 1.246 кривични дела, додека во 2015 биле 1.477, а бројот на реализирани е 812 или 65,2 проценти што е на исто ниво како и предминатата година. Поднесени биле 731 кривична пријава против 1.034 сторители, од кои 30 биле малолетници.

-Најзастапени од криминалитетот се делата од класичниот криминалитет, регистрирани се 1.070 дела, поднесени се 609 кривични пријави против 805 сторители, рече Митевски.

Во класичниот криминалитет, најзастапени биле имотните деликти, 635 од вкупниот број регистрирани, 115 кривични дела се регистрирани во областа економски криминалитет и во однос на 2015 бележи намалување за 1,7 проценти. Најзастапени од овој криминалитет се злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување исправа, несовенсо работење во службата. Од областа на недозоволена трговија се бележи намалување од 20,3 проценти во однос на 2015-тата, откриени биле 47 дела наспрема 59 во 2015-та. Во организираниот криминалитет, регистрирани се 14 кривични дела и е забележано намалување за една третина, соопшти Митевски.

Полициската станица од општа надлежност на подрачјето на општина Куманово бележи 498 прекршоци од јавниот ред и мир, што е за 4,8 проценти зголемување во однос на 2015-тата. За потреба на Основен суд Куманово, полицијата поднела 490 барања за поведување на прекршочни постапки против 651 прекршител.

-Во рамките на полициското работење беа преземени обемни и интензивни активности за одржување на јавниот ред и мир и стабилна безбедносна состојба, рече Митевски.

По разни основи биле предупредени 1.171 лице при расветлување на прекршоци и поплаки, а по барање на Основен Суд Куманово прибрани се 849 известувања и постапено било по 399 судски наредби. Во областа на превенцијата реализирани се бројни активности, работилници, едукативни трибини со младите, родителите, наставници, а спроведени се и проекти „Безбедни училишта“, „Детски семафор“, „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“,„Спортски да навиваме“ и слични.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра