Одлука за тоа колку ќе бидат намалени глобите за прекршителите на Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се донесе по одржување на јавната расправа за двата закона предвидена за 13 август годинава.
Казнените одредби, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација, се дефинирани во новата законска регулатива за медиумите и аудиовизуелните медиумски услуги.
Одлуката за намалување на глобата за радиодифузерите за сторен прекршок во нивното работење ресорното Министерство ја донесе по одржаните јавни расправи за Законот за медиуми и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во Комисијата за транспорт, врски и екологија при Собранието на Република Македонија, на 29 и 30 јули 2013 година и по разгледувањето на забелешките и сугестиите предложени од страна на учесниците во расправите.