Намалува дотокот на вода во Калиманци, мостот кај Зрновци непрооден за сообраќај

Од:

Дотокот на вода од реките и водотеците во акомулацијата Калиманци значително се намалува. Утрово е регистриран доток на вода од 75 метри кубни во секунда, акумулацијата се уште е на прелив и од неа излегуваат 60 сантиметри вода.Испустот преку прелив и хидроцентралата е 85 метри кубни вода во секунда, информираше Зоран Беличев, директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.

Втор ден непрооден е мостот на река Брегалница кој општина Зрновци ја поврзува со општина Кочани.Од надојдените води попушти статиката на мостот.

– Општината се соочува со сериозни проблеми во делот на транспоортот на вработените и учениците од Зрновци кон Кочани и обратно.Алтернативно решение е преку општина Виница за што се принудени дополнително да минуваат по четириесетина километри во двата правца.Во неколкуте конфекции во Зрновци работат 200 работнички од Кочани, додека од Зрновци и околните населени места во Кочани работат и учат 120 жители од оваа општина, изјави Блаже Станков градоначалник на Зрновци.

Со настанатата состојба ,вели Станков, се информирани и државните органи.Се чека намалување на водостојот на река Брегалница за да се согледаат можностите за поправка на мостот.

Од Центарот за јавно здравје по направениот увид на водата за пиење е издадено соопштение дека водата хемиски и бактериолошки е неисправна за пиење.

Според директорката на кочанскиот центар Благица Ѓурковиќ се следи состојбата со водата за пиење и се препорачува употреба само на флаширана вода.

Препораката на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Центарот за  социјални работи од Кочани да направи увид во населените места и да ги регистрира семејствата на кои им е неопходна помош.

Од Центарот информираат дека единствено е регистрирано едно семејство во село Чифлик на кое му е неопходна помош во храна и хигиенски пакети.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози