Намалени цените за дигитализацијата

Од:

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ ги намали цените за дигитално емитување на програмските сервиси, како за националните, така и за регионалните телевизии.

Како што информираат од компанијата, намалувањето на цената е на основа на барањето на министерот за информатичко општество Иво Ивановски, а со цел да овозможиме процесот на дигитализација да се спроведе.

– На тендерот за дигитализација ги наведовме нашите цени. На барање на министерот Ивановски, се одлучивме да оптимизираме тој процес и цените да ги намалиме на она ниво кое телевизиите што го сакаат со цел да го потпомогнеме тој процес на дигитализација, изјави генералниот извршен директор на компанијата Цирил Кафол.

Тој потенцира дека нема пречки во спроведување на процесот на дигитализација и дека тие како компанија се подготвени тој да почне од 1 јуни 2013 година. ОНЕ е технички подготвен за претстојната дигитализација и комплетно ги почитува обврските согласно тендерот на кој беше избран да ја спроведе дигитализацијата на телевизискиот сигнал, а која пак е меѓународна обврска што Македонија мора да ја заврши според Женевскиот договор од 2006 година.

Намалувањето на цената, како што соопштуваат од ОНЕ, е во бараниот процент, односно 36 отсто од иницијалниот износ, во случај на плаќање на годишна основа. Со ова намалување, цената за националните телевизии ќе изнесува 99.840 илјади евра, односно 13.056 илајди евра за регионалните телевизии.

Согласно со тендерот, ОНЕ до надлежните институции веќе поднесе барање за измени на договорот и прилозите кон истиот со што овие промени би стапиле во сила.

– ОНЕ одлучи да ја намали цената препознавајќи ја важноста на проектот дигитализација кој е од национален интерес и очекува дека овој чекор ќе ги охрабри телевизиите да се приклучат кон процесот, а сето тоа во интерес на граѓаните на Македонија, истакнуваат во соопштението.

Придобивките од дигитализацијата за граѓаните се постојан квалитет на сигналот, избор на повеќе програми, можност за мобилен и преносен начин на прием и мали можности за рефлексија при репродукција.

Би можело да ве интересира

Оне.Вип со единствена мрежа по спојувањето

Ана Ололовска

Димитар Ковачевски нов извршен директор во Оне.Вип

Ана Ололовска

Сите брендови на оне.Вип од 11 мај стануваат Вип

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јосифовски: Спојувањето на ВИП и ОНЕ е на штета на корисниците и ќе спречи ценовно намалување

Емир Латифовиќ

Граѓаните не ја оправдуваат одлуката за спојување на ОНЕ и ВИП

Ана Ололовска

Комисија за заштита или за нарушување на конкуренцијата?

Ана Ололовска