Намалена видливоста кај Попова Шапка и Плетвар поради магла

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на Страцин, Маврово, Крушево и на планинските превои Ѓавато и Плетвар, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец с.Гајре – Попова Шапка и од 80 – 100 метри на планинскиот премин Плетвар.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози