Намалена видливост поради магла на патот Лисец-Попова Шапка

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец село Лисец – Попова Шапка, информира Автомото сојузот на Македонија.

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони се уште е затворен за сообраќај. Премините Меџитлија (Битола) и Дојран се отворени за сообраќај.

На граничните премини, освен на Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово–Дебар-Струга, Демир Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози