Намалена видливост поради магла на патните правци околу Скопје

Од:

Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на патните правци Скопје – Катланово, Скопје – гр.премин Блаце и обиколницата околу Скопје, информираат од АМСМ.

Тие соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Од 15-ти ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба.

Би можело да ве интересира

Утринска магла, а потоа сончево и топло до 17 степени

Намалена видливост поради магла во Тетово, Битола и Прилеп

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Магла на повеќе патни правци

Магла на повеќе патни правци и планински премини

Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла