Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Поради појава на магла видливоста е намалена на 50 до 100 метри на планискиот превој Стража, информира диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
