Намален дотокот во Калиманци, критична за излевања браната Турија

Од:

Поради претстојното испуштање на водата од браната Турија во Струмичко, општините и месното населението заедно со армијата и полицијата да се организираат за заштита од евентуални поплави, апелира денеска Координативното тело за справување со поплавите.

Во последните 12 часа драстично е зголемено нивото на Вардар и се очекуваат мали поплави пред се на земјоделски површини во демиркапискиот регион. Се стабилизира состојбата кај браната Калиманци, а во поплавените предели во Штипско и Битолско, според Координативното тело, се работи на санирање на штетите.

Зголемениот водостој на реките од обилните дождови и наглото топење на снегот ги претворија во езеро земјоделските површини со оризови насади во Чешиново Облешево. Во прекин е сообраќајот на повеќе патишта поради зголемениот водостој на реките, од големи одрони се оштетените повеќе локални и регионални патни правци,  а се уште се без струја  поголем број на села пред се во Струшко и Кичевско.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот состанок на координативното тело  најави дека поради преливот на вода што се очекува од Турија определени се места каде во текот на денов ќе се прават насипи.

– Ќе се почне со испуштање поголема количина вода од Турија. Согласно пресметките некаде за 24 часа ќе почне со прелив, но тоа е брана од помал обем. Ја следиме будно состојбата, рече Јанакиески.

За браната Турија, укажа, во последните години не се памети толкав  обем на вода.

– За многу кратко време заврна снег на планините во тој регион и се стопи, имаше огромен дотур на вода од некаде над 270 метри во секунда, така што браната нагло се наполни. Затоа веднаш преземавме мерки, каде општините Штип, Чешиново Облешово, Кочани, Виница, максимално се организираа и денеска имавме многу мал  број куќи. Апелирам истото да го направат по течението  на браната  Турија, која е од многу помал обем, но сепак треба да се преземат мерки. Најважно е да се следи состојбата и да се преземаат превентивни мерки, изјави Јанакиески.

Според него, на браната Калиманци,  каде беше најкритично вчера, состојбата се смирува и се намалува дотокот на  водата во браната, а со тоа и излевањето. Големиот бран во раните утрински часови предизвика поплавување на големи земјоделски површини, како во Чешиново Облешево, каде се поплавени повеќе патишта и ќе се испратат дополнителни машини.

Има доста поплавени места и во пелагонискиот регион, како Новаци и Кривогаштани  каде состојбата  генерално стабилна, но во Могила има опасност од поплавување на поголеми земјоделски површини и неколку села.

Надлежните институции, според Јанакиески, будно ја следат состојбата и се преземаат мерки за санирање на патиштата и енергетската мрежа, а ќе се прават проценки на земјоделските површини по повлекувањето на водата.

Повторни врнежи се очекуваат  в  четврток и петок, но за  нивната обилност УХМР утре ќе даде дополнителни информации.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Излеаната Маркова Река направи проблеми во Студеничани, Батинци, Пинтија, Горно и Долно Лисиче

Горан Наумовски

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

(ВИДЕО) Поплави го погодија југоисточниот дел на САД, загинаа најмалку девет лица