Намален бројот на сообраќајки во Струшко

Од:

Намален е бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на Полициската станица Струга. Во првите шест месеци од оваа година регистрирани се 80, а во истиот период лани 92 сообраќајки, што е намалување за 12 незгоди, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Најголем дел од незгодите годинава или 58 се случиле во населено место, а 22 на отворено, додека во 2013 година 62 сообраќајни незгоди евидентирани се во населба, а 30 на отворен пат. Годинава, како што истакна Димоски, има две загинати лица, додека лани тројца го загубиле животот во незгодите. Со тешки телесни повреди се здобиле осум лица, а лани четворица.

– Еден од загинатите годинава е велосипедист и еден возач, додека минатата година во сообраќајни незгоди загинаа двајца пешаци и еден велосипедист. Причина за незгодите во 23 случаи е брзото возење, а во пет е престигнување на друго возило, изјави Димоски.

Една сообраќајна незгода, додаде, ја предизвикал возач во алкохолизирана состојба, а во истиот период лани тројца пијани возачи предизвикале сообраќајки.

Во првите шест месеци во струшко биле контролирани 28.150 возачи, поднесени се 19 кривични пријави и исклучени 227 возила. Минатата година контролирани се 26.300 од кои 162 се исклучени, а поднесени се 11 кривични пријави.

Само во јули евидентирани се 34 сообраќајни незгоди без жртви, а минатата година имало 28 сообраќајки со еден загинат. Минатиот месец биле котролирани 5.400 возила од кои 81 е исклучено, а претходниот јули при котрола на 4.890 возила, 31 се исклучени од сообраќај.

– Превентивните проекти за безбедност во сообраќајот на полицијата продолжуваат понатму со цел да се намалат несреќите, нагласи Димоски.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски