А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Намален бројот на склучени и на разведени бракови во земјава

by А1он31/12/2021 - 20:0831/12/2021 - 20:08369
Share0

Поради пандемијата на коронавирусот и со воведувањето на вонредните мерки за заштита и годинава во земјава се бележи намалување на бројот на склучените бракови. Но статистиката покажува и намалување на стапката на разводи.

Следете a1on на Instagram Instagram

Склучувањето брак без правење веселба за некои граѓани не е прифатливо, за некои веселбата е небитна, а кај некои парови врз одлуката за склучување брак влијаело и чувството на несигурност, односно да се прави веселба во вонредните услови поради КОВИД-19.

За склучување брак во време на пандемијата се воведоа и протоколи. Присуството на гостите беше сведено на минимум со почитување на пропишаните мерки за заштита, како одржување дистанца, носење маски и дезинфекција.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2020 година, во споредба со претходната година, е намален за 25,6 отсто и изнесува 10 278.

Следете a1on на Youtube YouTube

Најмногу бракови, односно 1 423 или 13,8 отсто биле склучени во август, а најмалку во април – 162 или 1,6 отсто.

Статистиката покажува дека најчесто паровите стапувале во прв брак со учество од 94,1 отсто за жените и 92,8 отсто за мажите. Во втор брак со учество од 6,5 отсто и трет брак со учество од 0,6 проценти, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Најголем број бракови – 3 380 или 32,9 отсто кај жените се случиле на возраст од 20 до 24 години, додека кај мажите од 3 780 бракови или 36,8 проценти во брак стапиле на возраст од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 29,7 години за младоженецот.

Според статистиката и бројот на разводите во 2020 година бележи намалување од 21,2 отсто во споредба со 2019 година и изнесува 1 569. Во текот на годината најмалку бракови 29 или 1,8 проценти се разведени во мај, а најмногу 199 или 12,7 отсто во јули.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во истата старосна група од 35 до 39 години, и тоа 278 или 17,7 отсто кај жените и 262 или 27,7 проценти кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи 324 или 20,7 отсто се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

razvodi

Би можело да ве интересира

Македонија во бројки: Повеќе умрени од родени, бракови сè помалку, разводи сè повеќе

Горан Наумовски02/01/2026 - 07:3802/01/2026 - 07:39

ДЗС: Помалку склучени, а повеќе разведени бракови

Горан Наумовски28/11/2025 - 08:07

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски14/02/2021 - 09:2510/03/2021 - 14:11

Лани склучени 13.814 бракови, бројот на разводи зголемен за 22,8 отсто и изнесува 1.990

Ана Ололовска21/05/2020 - 14:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео