Намален бројот на мигранти во прифатниот центар во Гевгелија

Од:

За нецел месец бројот на мигрантите во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија е речиси преполовен, информираа денеска од раководството на кампот според чија евиденција има останато само уште 36 мигранти.

Според податоците на граничната полиција, 10 од мигрантите се мажи, 15 жени и 11 се деца. Другата половина од мигрантите кои беа во кампот во Гевгелија од затворањето на „балканската рута“ се вратени назад на грчка територија по нивно барање и уверување дека сакаат да се вратат дома.

Информацијата од граничната полиција потврдува дека ситуацијата на јужната граница е стабилна и мирна и дека на котата 59 од каде што бегалците доаѓаа на наша територија, моментно нема мигранти, поради што е празен и надворешниот шатор на Хабитат.

При посетата на регионот пред два дена и министерот за одбрана Зоран Јолевски потврди дека ситуацијата на јужната граница со Грција никогаш не била помирна и дека многу е намален бројот на илегални обиди за нејзино преминување.

Би можело да ве интересира

Најстудено утрово на Попова Шапка со -3 степени, најтопло во Гевгелија 10

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци