Најстудено во Берово, најмногу дожд на Попова Шапка

Од:

Утрово најниска темпeратура од -5 степени е измерена во Берово, потоа -3 во Струмица, -2 во Скопје-Петровец, Демир Капија, Велес и Куманово и -1 во Битола, Кавадарци, Лазарополе и Гевгелија. Во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип и Тетово измерени се 0 степени, 1 во Попова Шапка, Маврови Анови, 2 Охрид, 3 Крушево, Виница, Претор, Прилеп, Дебар и 4 степени во Дојран.

За изминатите 24 часа до 7 часот, наjмногу наврнат воден талк од 7 л/м2 има на Попова Шапка. Следат Лазарополе со 6 л/м2, 5 во Крива Паланка, 3 Тетово, Маврови Анови и Виница, 2 Берово и Крушево и 1 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Охрид, Дебар и во Пожар.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а по котлините долж Повардарието магливо. Попладне облачноста ќе се зголеми. Преку денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје претежно магливо, околу пладне маглата делумно ќе се намали. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку денот сончево

Студено, преку денот сончево со мала локална облачност

Утрото студено, преку ден сончево со мала облачност

Променливо облачно и студено

Најстудено во Берово, во Охрид најтопло

Насекаде минусни температури, над нулата само во Дојран