Најстудено во Берово девет степени, најтопло во Велес 19 степени целзиусови

Од:

УХМР информира дека утрово најниска темепратура од девет степени целзиусови е измерена во Берово, а највисоки 19 во Велес.

Во Претор 10 степени, исто како и во Лазарополе и Попова Шапка, 12 во Охрид, Струмица, Крушево, Маврови Анови, 13 Скопје-Петровец, Битола, Дебар, 14 Прилеп, Демир Капија, 15 степени во Штип и Кавадарци, 16 Куманово, Гевгелија, Крива Паланка и Дојран, 17 степени во Тетово и 18 Скопје-Зајчев Рид и Виница.

Во изминатите 24 часа до 08 часот е наврнат воден талог (во l/m2) 56 Охрид, 24 Дебар, 19 Претор, 5 Битола, 3 Попова Шапка и 2 во Тетово и Крушево.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, а наместа во југозападните делови нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утрово е сончево со мала, а во западните делови умерена облачност. Дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 30 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 28 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец

Сончево и топло, температура до 28 степени

Сончево со мала до умерена облачност

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Попладне пристигнува есента

Ана Ололовска