Најмалку 44 лица починаа од колера во североисточниот дел на Нигерија, каде стотици лица се раселени поради насилството од страна на исламистичката терористичка група Боко Харам, соопшти денеска ОН.
Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни дејствија (ОЦХА), наведе дека постои сомнение оти речиси 2.300 лица се заболени од колера.
ОН стравува дека 3,7 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од епидемијата.
Првите случаи на болеста се регистрирани во државата Борно на 16 август во кампови за внатрешно раселени лица.
– Камповите се пренатрупани, нема доволно чиста вода, хигиената е на ниско ниво и нема добра здравствена нега, наведе заменик-кооридинаторот на ОЦХА за Нигерија, Петер Лундберг.