Најголемиот коледарски оган во Негорци

Од:

И оваа година, во пресрет на Божиќ, на повеќе места во општина Гевгелија ќе се палат коледарски огнови.

Сепак, се очекува и оваа 2013 година највесело и најпосетено да биде Негорци, односно таканареченото Старец маало, каде, според жителите, се пали најголемиот оган во Македонија, од дрвата кои жителите ги собираат од изумрените стебла кои ги наоѓаат по течението на Серменинска река.

На местата наречени Старец маало и А’змак маало ќе се пали коледарскиот оган. Како и секоја друга година ќе има кршење на колач, бесплатни подароци за децата, топла ракија, вино, сок, кикирики, овошје и др.

Освен во Негорци, вакви коледарски огнови ќе бидат запалени и во градот Гевгелија и во другите населени места во општината.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он