Спасовски: Младите се клучниот елемент за промени во Македонија

Од:

 
Најголемата загуба за Република Македонија во сите овие 10 години власт на ВМРО-ДПМНЕ е младината. Тие се луѓето, младите, коишто заминаа од државата. Една од најголемите причини зошто многу млади луѓе заминаа од Република Македонија е тоа што не можат да го поднесат потценувањето. Во смисла на тоа дека некои необразовани кадри, со купени дипломи, ја водат Република Македонија на сметка на сите вас, коишто напорно вложувате во сопственото образование за да и помогнете на државата и да си помогнете и на самите себе си, рече Оливер Спасовски на Летниот Камп на СДММ..

Сега, да застенеме сите заеднички, добро да се организираме, да ја оствариме победата и пред се да создадеме услови и да ја започнеме втората битка, којашто ќе биде многу позначајна. Тоа е битката да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат. Да понудиме такви политики коишто ќе гарантираат дека граѓаните на Македонија ќе останат овде, во Македонија. Да понудиме младински политики коишто ќе значат пронаоѓање на секој млад човек дека може да ја гради својата иднина во Република Македонија.

Сето тоа го имаме. Го имаме во една добра Програма којашто пред се претставува реална програма, којшто се темели на сите нишки на социјалдемократијата, на демократијата, солидарноста, правдата, на еднаквоста. Тоа нешто ние како СДСМ го промовираме и треба да ни биде патоказ и во водењето на идната влада на РМ.

Младите луѓе во Македонија се клучниот елемент за победа на партијата на било кои избори, посебно сега на парламентарните избори, но ќе бидат клучниот елемент и во носењето на клучните реформи во иднина.

Тој ентузијазам, таа желба што сега ја имаме, оваа енергија, само ќе ја надоградуваме во наредниот период. Солидарноста, црстината, сплотеноста ќе расте уште повеќе и ќе биде сигнал дека сите други коишто се двоумат и се мислат ќе се приклучат кон овој караван којшто ја носи победата во Македонија.

Убеден сум дека ова ќе биде период во којшто ќе се подготвиме сите заеднички, по победата, да ја смениме Република Македонија на подобро.

Да градиме поинаква иднина за сите. На крајот, сите ние, и идните генерации да се гордеат што сме биле дел од овој период, од оваа битка, којашто го направила сериозниот пресврт во Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски