Најдобрите ученици од општина Аеродром ја завршија посетата на Лондон

Од:

Најдобрите ученици од општина Аеродром вчера се вратија од Лондон, каде посетуваа настава една недела во училиштето Ернест Бевин, во збратимената општина Вандсворт.

За време на престојот, како што информира општина Аеродром, учениците придружувани од еден одговорен наставник имаа можност да ја посетуваат настава кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата. Учениците од Аеродром, покрај настава во Лондон ги посетија и најзначајните знаменитости на британската престолнина.

– Оваа иницијатива се смета за важна и претставува илустрација на врските меѓу Македонија и Британија, а таа исто така, е уникатна прилика за најдобрите ученици од Аеродром да посетуваат настава во училиштето Ернест Бевин, дотолку повеќе што овој колеџ има долга традиција на негување на спортот, а таму учел и актуелниот градоначалник на Лондон, велат од општина Аеродром.

Би можело да ве интересира

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски