Најчевска одбила да учествува во расправата за уставните амандмани поради Владо Поповски

Од:

Професорката Мирјана Најчевска одбила да учествува на јавната расправа за уставните амандмани која ја организира Владата. Таа како што вели, добила покана , но ја одбила бидејќи еден од главните говорници е професорот Владо Поповски.

„Тоа е оној човекот со сите бои и за сите влади. Компромисен. Неконфликтен. Човек кој ни во сон нема да се спротистави на ниту еден режим… Сметам дека Владо Поповски е дискредитиран како стручњак во повеќе наврати и дека има нанесено неверојатно голема штета во развојот на Македонија како правна и демокатска држава. Од тие причини, да одам на јавна расправа на која тој се појавува како посебен говорник за мене е не само понижувачко туку и невкусно“, напиша Најчевска на „Фејсбук“.

Поповски е актуелен советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. Тој пред неколку месеци јавно кажа дека договорот со Грција е добар и дека е илузија дека некој друг би можел да издејствува подобра спогодба за Македонија.

На денешната јавна расправа во Владата освен Поповски, за уставните амандмани ќе говорат и професорот Љубомир Фрчкоски и премиерот Зоран Заев.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Мицкоски по координацијата: Да не се одолговлекува седницата за Уставни измени

Не е прекршен Деловникот – 10 дена е рок за расправата, не за гласање, велат од СДСМ

Александар Тодески

(ВИДЕО) Ковачевски доби силен аплауз од 70 пратеници: Улиците во Скопје се мирни, граѓаните очекуваат европска одлука

Орце Костов

Писмо за пратениците од Османи: Отворете го Уставот, одговорно тврдам дека го зачувавме македонскиот идентитет

Орце Костов

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат притисоци да гласаат за Уставот, СДСМ нема 80 пратеници

Орце Костов

Ковачевски е оптимист дека во следните 30 дена ќе обезбеди 80 пратеници да гласаат за промена на Уставот

Орце Костов