Најчевска: МИА треба да биде извор на факти, а не на ставови и перцепции

Од:

Професорката Мирјана Најчевска на својот профил ја постави граѓанската иницијатива „Пиши и на МИА“, како одговор на манипулациите и поттик МИА да преземе одговорност и да информира објективно!

За А1он, Најчевска вели дека МИА треба да биде извор на факти, а не на ставови и перцепции. „Како јавен информативен сервис таа се обврзала за регистрирање на настани и појави и информирање кое понатаму може да биде објект на анализи и вреднувања. Во моментот кога во информациите ќе пробијат вреднувања кои се очигледно насочени кон дезавуирање на противниците и критичарите на власта, агенцијата го изгубила својот кредибилитет“, вели Најчевска.

Непосреден повод за иницијативата беше последниот скандал на дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ, кој изјавата на заменик помошникот на државниот секретар на САД, поранешниот Амбасадор на САД во Македонија, Филип Рикер, се обиде да ја спинува и да и даде целосно погрешно толкување.

Иницијаторите велат дека МИА треба да се соочи со граѓанска реакција и со јавност, истата онаа јавност со чии пари оваа државна информативна агенција би требало да информира точно, непристрасно и во интерес на граѓаните.

Оваа акција, велат, нема за цел да брани интереси на ни една партиска опција во Македонија.Оваа акција е директна поддршка на слободата и правото на непристрасно информирање.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ