Најавени реформите во одредниците 6 и 9 од Планот 3-6-9

Од:

Владата денеска во делот од седницата за следење на состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција, го разгледа и усвои Фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во Планот 3-6-9, и ги задолжи сите засегнати министерства и Генералниот секретаријат, да ги прегледаат препораките од Извештајот на групата високи експерти, предводена од Рајнхард Прибе, и доколку проценат дека дел од препораките не се соодветно адресирани во одредниците 6 и 9 од Планот 3-6-9, да ги дополнат и да ги достават до Секретаријатот за европски прашања најдоцна до 10 октомври годинава.

Владата на денешната седница го задолжи Кабинетот на претседателот на Владата да се консултира со Кабинетот на претседателот на Собранието за моделот за консултација со опозицијата по однос на Планот 3-6-9, и заедно со Секретаријатот за европски прашања да организираат консултативна средба со репрезентативен број на граѓански организации во однос на реалзацијата на Планот 3-6-9, стои во соопштението од владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски