А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Најавени низа свечености за Денот на народното востание

by А1он10/10/2017 - 14:35154
Share0

Со повеќе свечености утре ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври, во организација на Владата, Сојузот на борците и општините Прилеп и Куманово.

Добивај вести на вибер

Централниот настан по повод 76 годишнината од овој значаен настан од историјата на Македонија, ќе се одржи пред споменикот на ослободителите на град Скопје во дворот на Владата со почеток 10:45 часот.

Венци со цвеќе пред споменикот ќе положат делегации на Сојузот на борците предводена од Никола Стојановски, на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев, делегација на АРМ предводена од заменик началник на Генералштабот генерал-мајор Мухамет Рацај, како и други делегации на државни институции и дипломатскиот кор.

Предвидени се кратки обраќања на Стојановски, Заев и Рацај, како и изведба од воениот оркестар на АРМ.

Во текот на денот, владина делегација ќе присуствува и на свеченото доделување на државната награда „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија, кое ќе се одржи во Собранието на РМ.

Соодветна програма и активности по повод празникот 11 октомври е предвидено да се одржат и во Прилеп и Куманово, во организација на Владата и двете општини.

Владина делегација предводена од министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, утре во 09:30 часот ќе положи цвеќе пред спомениците на Методија Андонов Ченто и Кузман Јосифовски Питу, како и на спомен обележјето Могила на непобедените.

Цвеќе на овие спомен обележја во Прилеп ќе положи и делегација на АРМ и на Министерството за одбрана предводена од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Општина Прилеп организира и изложба на рачни изработки „Килимијада“ на плоштадот на Градскиот саат и „Tuning Car Show“ на булевар Гоце Делчев.

Во Куманово, пак, во 11:30 часот, со положување цвеќе во Спомен костурницата во овој град, празникот ќе го одбележи владина делегација предводена од вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Таму е предвидено обраќање на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, изведба на химната од страна на градска музика „Илинден“, Куманово, и кратка пригодна музичка програма во изведба на учениците од СОУ-Гимназија “Гоце Делчев”-Куманово. Во утринските часови општина Куманово организира низа спортски активности: атлетски митинг, турнир во тенис, пинг-понг и одбојка.

11 oktomvri

Би можело да ве интересира

Димитриевски: 11 Октомври – Денот кога избравме храброст, а не страв

А1он11/10/2025 - 13:3611/10/2025 - 14:23

Oдбележување на Денот на народното востание

А1он11/10/2025 - 09:28

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он11/10/2025 - 09:07

Герасимовски на средба со Сојузот на борци: Аманетот на нашите баби и дедовци мора го продолжиме, 11 Октомври е потсетник за тие идеали

Горан Наумовски10/10/2025 - 13:21

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски11/10/2024 - 08:2711/10/2024 - 08:37

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Катерина Ѓуровски11/10/2023 - 13:33
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен