Наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи

Од:

ЕВН Македонија започнува нова наградна игра за своите редовни плаќачи насловена „Среќно поле“ во рамки на која најсреќните корисници ќе учествуваат на телевизиско шоу каде преку игра на среќа ќе имаат можност да добијат вредносен ваучер за енергетско-ефикасни апарати во вредност од 6.000 до 100.000 денари.

Право на учество имаат сите домаќинства и мали бизнис корисници кои редовно и во рок ги подмириле своите долгови за електрична енергија во моментот на извлекувањето, со исклучок на вработените во ЕВН Македонија.

– Во секоја емисија ќе учествуваат по тројца најсреќни корисници влезени во базата на редовни плаќачи кои ќе ги бира системот по случаен избор. Еден од нив ќе биде со сигурност корисник што плаќа сметка за електрична енергија со траен налог. Вкупно ќе се бираат тројца официјални и пет резервни учесници кои ќе можат да се појават на шоуто само доколку официјалните не се во можност. По електронски пат на крајот на секоја емисија ќе се избираат учесниците за наредната, информираше Ленче Карпузовска, раководител на Одделот за комуникации во ЕВН Македонија на денешната прес-конференција.

Наградната игра „Среќно поле“ ќе ја води актерот Сашко Коцев, а со емитување ќе започне утре во 13:30 часот на МТВ1 со репризно издание на МТВ2 со превод на албански јазик. Ќе се емитува секоја втора сабота се до 20 јули со можност за продолжување. Резултатите ќе бидат објавени и во најмалку два дневни весника.

– Првата емисија на „Среќно поле“ ќе има хуманитарен карактер, а својата среќа ќе ја испробаат Калиопи, Индира Кастратовиќ и Зоран Љутков. Наградите во вредност од 6.000, 12.000, 30.000 или 100.000 денари што ќе ги добијат ќе ги донираат на децата штитеници на невладината организација „Дајте ни крилја“, посочи Карпузовска.

ЕВН Македонија има околу 700.000 корисници од кои преку 200.000 се редовни плаќачи. Досега и преку 8.000 корисници склучиле договори со банките за плаќање на сметките за електрична енергија со траен налог, а во тек е и кампања за зголемување на нивниот број.

Би можело да ве интересира

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

A1on