Надополнување на картичките за јавен превоз деновиве само во билетарите на ЈСП

Од:

ЈСП Скопје информира дека денеска завршил договорот помеѓу нив и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, па затоа во наредните неколку денови корисниците на нивните услуги, нема да можат да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ во продажните места кои не се во нивна сопственост.

Како што појаснуваат, тоа ќе може да се направи исклучиво во продажната мрежа на ЈСП Скопје која ја сочинуваат 32 билетарници.

– ЈСП Скопје навремено се подготви за решавање на оваа ситуација, потребната опрема и логистика се обезбедени и многу наскоро граѓаните ќе имаат можност повторно да ги купуваат нашите услуги преку мрежа на секундарна дистрибуција, стои во соопштението.

Од компанијата се извинуваат за евентуалните нелагодности поради оваа ситуација, но истакнуваат дека, пред целосна вредносна искористеност на договорот кој го имале склучлено со фирмата-мастер дилер, не биле во можност за активирање на подготвено решение, со кое многу наскоро продажба на нивните услуги ќе биде повторно возможна преку мрежа на секундарна дистрибуција.

Би можело да ве интересира

Автобусите во Скопје денеска сообраќаат по неделен возен ред

А1он

Редовно сообраќаат автобусите на ЈСП „Скопје“, вработените денеска ќе ја добијат јануарската плата

Горан Наумовски

ЈСП: Не доцни платата на вработените, повторно постои политичка тенденција да се создаде вештачка кризa

ВМРО-ДПМНЕ: ЈСП е бунар без дно, Арсовска да каже зошто нема плати за вработените и покрај изгласаните 700 милиони денари?

Инцидент во автобус на ЈСП поради политички тензии

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ