Надминат прагот на успешност на референдумот во Гевгелија

Од:

Прагот за успешност на референдумот во Гевгелија за тоа дали да се отворат рудници за злато на планината Кожув до 17 часот бил надминат.

-Според излезноста на граѓаните заклучно со 17 часот уште сега може да кажеме дека успеа референдумот на кој граѓаните на Гевгелија се изјаснуваат по прашањето дали се за или против отворање на рудници за злато на планината Кожуф, изјави Гордана Поп-Кочева, претседателка на ОИК Гевгелија.

Поп-Кочева соопшти дека од вкупно запишаните 19.459 граѓани во гласачкиот список, заклучно со 17 часот своето право на глас го искористиле 11.275 или изразено во проценти 58 отсто од гласачкото тело во општината.

Конечните резултати за излезноста и изјаснувањето на граѓаните, како што нагласи Поп-Кочева, ќе бидат познати по 20 часот, односно еден час подоцна откако ќе бидат затворени 37 гласачки места во Општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија