Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Пехчево ќе се сретнат со група сточари со кои ќе се разговара за болеста син јазик.
На средбата, што ќе се одржи во Подрачната единица на Министерството за земјоделство, ќе присуствуваат заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.
Поради појавата на болеста син јазик беа затворени неколку сточни пазари во државата.
Син јазик е вирусна болест што ја има кај животните. Таа не се пренесува на човек, ниту преку млеко или месо, туку исклучиво преку преносител, во случајот мушички.
Последен пат во Македонија болеста беше регистрирана во 2009 година.