Надлежните на терен веднаш по невремето во Ресен, Владата најави помош

Од:

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски направија увид на површините погодени од невремето кое се случи вчера во Ресен, најавувајќи дека Владата ќе ги разгледа можностите да им се помогне на оштетените овоштари.

Вчера, околу 15 часот, Ресен го погоди град со големина на орев и јајце. Според првичните оценки, настрадаа околу 3.000 хектари овошни насади, каде родот е уништен од 30 до 100 отсто.

Заменик министерот Костадиновски при посета на погодените реони посочи дека Владата ќе ги разгледа можностите да им помогне на оштетените овоштари.

– Може да се види дека градот ги уништил посевите, родот што е на садниците и младите садници. Огромна е штетата. Веднаш како Министерство ќе се заложиме комисии да излезат на лице место и да ја утврдат висината на штетите, нагласи заменик Костадиновски.

Додаде дека Владата ќе настојува со детална и темелна анализа на штетата на родот да реагира на соодветен начин. – Сепак, и во ваква ситуација ќе посочам дека овоштарите се повеќе треба да ги користат поволностите што ги дава Владата, а тоа се субвенциите за осигурување на родот кои изнесуваат 60 отсто од вкупната сума и заштитата со мрежи градобијни за која преку ИПАРД Програмата се добиваат 65 отсто субвенции, изјави Костадиновски.

Раководителот на Подрачната единица за земјоделство Сашо Андреевски рече дека според првичните информации околу 70 проценти од овошните насади засадени со јаболка се уништени.

Веднаш по увидoт, Костадиновски и Стрезовски се сретнаа со земјоделците чии површини беа зафатени од невремето.

Со цел да им се помогне на оштетените земјоделци, градоначалникот на општина Ресен формираше пет комисии за проценка на штета, чие задолжение ќе биде во најкус можен рок да извршат посета кај оштетените земјоделци и да констатираат за колкави штети станува збор.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и градоначалникот на општина Ресен утре ќе ги посетат сите места кои беа зафатени од невремето, а потоа во општината ќе одржат средба со земјоделците, со цел да им се излезе во пресрет и да се изнајдат соодветни мерки за заштита од вакви непогоди во иднина.

Би можело да ве интересира

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава

(ВИДЕО) Силно невреме во Австрија, бурата и градот уништија згради и возила, улиците се претворија во реки

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски