Над еден килограм марихуана пронајдени кај жител на Студеничани

Од:

Полицијата при контрола на патничко возило, сопственост на жител од скопско Студеничани, пронајде над еден килограм марихуана.

Од МВР информираат дека завчеравечер околу 23 часот, во непосредна близина на клучката за тетовското село Групчин, службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај-Автопат на Тетово запреле патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички, што го управувал 21-годишниот Ф.И. од Студеничани.
При контрола на возилото, во кое биле уште две лица, Д.С. (33) и С.П. (23) од Скопје, под совозачкото седиште, пронајден е ранец во кој имало непозната тревкаста материја, завиткана во најлонска фолија. Пронајдениот ранец бил сопственост на Д.С, кој заедно со возачот и сопатничката С.П. набрзо биле приведени и задржани во Полициската станица-Тетово.

Во фолијата, како што информираат од МВР, имало над еден килограм марихуана, која, според кажувањето на Д.С., претходно ја купил од Ф.И. кој требало да ја однесе во Охрид.

Против сите три лица поднесена е соодветна кривична пријава, а истражен судија на Основниот суд Тетово вчера на Ф.И. и Д.С. им определи мерка притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он